ПОЧЕТНА Евролига Тони Паркер во Евролига, Мицрахи во легендите

Тони Паркер во Евролига, Мицрахи во легендите

сподели
euroleague.net

Откако беа исполнети условите што беа поставени на претходниот состанок на бордот на елитното кошаркарскко натпреварување, францската екипа чиј што сопственик и претседател е се уште активниот НБА играч, ќе настапува како редовен учесник во лигата на најдобрите.

Асвел Вилербан ќе се врати во Евролига во следните две сезони, 2019/20 и 2020/21, а Евролига ќе се прошири од 16 на 18 екипи. Дозвола за следните две сезони, на претходниот состанок доби и Баерн Минхен, екипа што досега се натпреваруваше како шампион на Германија.

Освен вклучувањето на претставникот на Франција, на состанокот на челниците на Евролига што се одржа во Тел Авив, му беше врачено признание на вечниот претседател на Макаби, Шимон Мицрахи, кој што добива статус легенда на Евролига.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Тоа е највисокото признание што може да се добие во елитното натпреварување на Стариот континент, а Шимон Мицрахи (79) го добива како потврда за неговите достигнувања со Гордоста на Израел.

Од 1969-та, кога седна на раководното столче на екипата од главниот град на Израел, титулата во домашниот шампионат на Макаби му избега само 6 пати, а европската ја освои во 6 сезони.