ПОЧЕТНА НБА Томпсон го урна Кари, Батлер му одржа лекција на Леброн

Томпсон го урна Кари, Батлер му одржа лекција на Леброн

сподели

По победата на шампионот во Чикаго (124:149), двајца играчи на Голден Стејт се сопственици на двете најдобри остварувања во категоријата најмногу тројки на еден натпревар. Рекордер е Клеј Томпсон, а зад него остана Стеф Кари.

Втората виолина во дуото „Слеш брадерс“ погоди 14 удари од 24, што е за еден прецизен шут подобро од претходното достигнување на фронтменот на франшизата Вориорс. Томпсон имаше вкупно 52 поена во триумфот против Булс.

Аплицирајте веднаш за

Џими Батлер се уште бара трејд од Минесота, но тоа не го спречува да демонстрира каков потенцијал се крие во него. Тој постигна 32 поена, ги погоди сите 5 удари за три поени, од кои еден беше решавачката тројка преку Рондо на 19.7 секунди до крајот, а неговата екипа победи против ЛА Лејкерс (124:120).

Батлер сезонава има просек од 22.5 поени, 5.3 скока, 3 украдени топки и 1.3 блокади по натпревар, во шест одиграни средби. Тимбервулфс играа без повредениот Ендрју Вигинс, Карл-Ентони Таунс реализира 25 поени со 16 скока, 6 асистенции и 4 блокади. На спротивната страна, Леброн Џејмс постигна 29 поени, имаше 10 скока, 7 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади во поразот.

Резултати на 30-ти октомври (ESPN)

Милвоки игра во транс, екипата на Бакс ја забележа седмата победа во исто толку одиграни натпревари на почетокот на сезоната, што е прва ваква низа по 2002-та година. Учинокот добива на тежина затоа што првата ѕвезда на екипата, Јанис Адетокумбо е повреден.

Последната жртва на Милвоки беше Торонто (124:109), за гостите не играше Кави Ленард.