ПОЧЕТНА Евролига Томиќ рекордер, Русите и Турците успешно се справија со предизвикот

Томиќ рекордер, Русите и Турците успешно се справија со предизвикот

сподели
euroleague.net

ЦСКА преживеа сериозен тест при гостувањето на Олимпијакос во Москва, славејќи со 69:65. Ова е петта победа за руската машинерија, по 5 кола во елитната лига, втор пораз за грчкиот тим.

Серхио Родригез го изедначи личниот рекорд од 6 тројки, имаше вкупно 20 поени, на спротивната страна вечниот Спанулис имаше 16.

euroleague.net

Фенербахче имаше незгоден испит на домашен терен, против германската армада која што не се предаде лесно во Истанбул, за конечни 88:84.

Аплицирајте веднаш за

Луиџи Датоме ги предводеше турските играчи (петмина двоцифрени) со 19 поени, а кај Баерн Минхен најдобар стрелец беше Девин Букер со 15 поени.

euroleague.net

Басконија им се врати на победите со триумфот во Виторија против Дарушафака, со 82:56. Ова беше прва домашна радост сезонава, за домаќинот на следниот завршен турнир на Евролига.

Шпанците ја прекинаа низата од три порази на стартот, со што сега се соочува турската екипа. Шенгелија имаше 13 поени за победникот, Саваш 12 за поразените.

euroleague.net

Барселона немаше проблеми со Макаби, славеше со 74:58, Анте Томиќ постави рекорд за реализирани удари за 2 поена (950).

Колото 5 ќе биде комплетирано со мечевите Химки – Гран Канарија, Будуќност – Панатинаикос, Жалгирис – Реал Мадрид и Олимпија – Анадолу Ефес. ЦСКА е единствената непоразена екипа и е на врвот на табелата, уште само Реал нема пораз (4/0).