ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТОДОРОВИЌ: Сами се победивме

ТОДОРОВИЌ: Сами се победивме

сподели
Гостивар беше одличен три четвртини, но потклекна во последната

Гостивар ги имаше сите услови со победа да ја заврши успешната година: убедлива предност до 30-тата минута од натпреварот со Куманово, полна сала и огромна поддршка од навивачите.

Но, момците на Марјан Србиновски не го издржаа темпото кое сами го наметнаа, потклекнаа во последната четвртина и го загубија директниот дуел за четвртото место на табелата (во моментов Гостивар е четвртопласиран, но МЗТ Скопје има два натпревари помалку).

Шансата беше пропуштена при водство од 16 разлика

„Го загубивме натпреварот на наши грешки, не го ‘затворивме’ навреме, дозволивме многу офанзивни скокови на тимот на Куманово, како и многу отворени шутеви за тројка кои тие ги искористија. Навистина не можам ништо да замерам, тотално заслужена победа на Куманово”, анализира српскиот интернационалец во редовите на Гостивар, Александар Тодоровиќ.

Куманово нема повеќе играчи, но подобро ги искористи тие што ги има

Во клучните моменти Гостивар ја загуби својата игра. Немаше некој да ја преземе одговорноста, па се постави прашањето дали на тимот не му фали уште некој кошаркар во ротацијата.

„Не би рекол дека ротацијата е причина за нашиот пораз, бидејќи и Куманово нема премногу играчи, можеби еден или двајца повеќе. Како што кажав, причината се нашите грешки, нашите глупости, на +16 за нас не искористивме два напади со кои можевме да ставиме точка на мечот и тоа ни се врати на крајот”, додаде Тодоровиќ за basketball.mk.