ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТОДОРОВИЌ: Огромно благодарам за Гостивар

ТОДОРОВИЌ: Огромно благодарам за Гостивар

сподели
Александар Тодоровиќ (14)

Српскиот интернационалец, на заминувањето од нашата земја во која што помина една полусезона во дресот на КК Гостивар, од каде што премина во српската екипа Динамик, не ги криеше позитивните впечатоци.

„Се беше на највисоко ниво. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, на тренерот и на комплетната управа на КК Гостивар, за прекрасните моменти што ги поминав во Македонија.

Најважно од се, сакам да кажам благодарам затоа што клубот најде разбирање за мене и за мојата желба да играм во посилна лига и да напредувам во мојата кариера, што не ми застана на патот во животот. Тоа нема да го заборавам, никогаш.

Му посакувам на КК Гостивар многу успех и многу позитивни резултати во продолжението од сезоната.“ – изјави Тодоровиќ за basketball.mk.