ПОЧЕТНА Интернационалци Тирана го претстави Владимир Брчков

Тирана го претстави Владимир Брчков

сподели

Македонскиот репрезентативец Владимир Брчков официјално е претставен како нов член на шампионот на Албанија, Тирана.

Неодамна тој потпиша едногодишен договор со овој клуб кој и во новата сезона има највисоки амбиции во домашното првенство, но и во БИБЛ лигата. Тоа е прво интернационално искуство за Брчков кој во досегашниот дел од кариерата играше за Овче Поле, Работнички, Торус, Фени Индустри, Кожув и Струмица.

Крилниот играч веќе им се приклучи на новите соиграчи, а официјалното деби во дресот на Тирана би требало да го забележи против Блокотехна, нашиот претставник во регионалната БИБЛ лига.