ПОЧЕТНА Светски првенства Тешки времиња за европскиот шампион

Тешки времиња за европскиот шампион

сподели
fiba.basketball

На четири кола до крајот на квалификациите за следниот мундијал, континенталниот владетел Словенија, е на колена. Не и помогна многу, победата на Шпанија против Летонија. Со победата во Љубљана (77:86), Турција е на втората позиција во групата И со 14, Летонија на третата со 13, додека Словенците се на дното со 10 бода.

Змајчеки ќе одат на следното СП 2019 година само ако победат се до крај (кај Украина, со Летонија, во Турција и со Украина), а Летонците ако загубат се (со Црна Гора, кај Словенија, со Шпанија и кај Црна Гора), или ако Турците загубат се и ако Словенија има подбар скор со Турција.

Уште еден услов е Црна Гора и Украина, кои што имаат по 12 бода, да немаат повеќе бодови или да бидат послаби на табелата од Словенците, на кои што практично им треба повеќе од магија за да го видат сонцето во Пекинг.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Охриѓанецот Џеди Осман имаше одлична партија со 19 поени, ладнокрвно погодуваше тројки и не му дозволи на противникот резултатски да се приближи, а најдобри стрелци беа Коркмаз со 24 кај победникот, односно Рендолф со исто толку кај поразените.

Шпанците ги совладаа Летонците (85:82), иако гостите имаа фуриозна последна четвртина (26:18). Црна Гора ја совлада Украина (90:84).

Литванија* ја скрши Холандија дури по две продолженија (95:93) и си обезбеди пласман на СП, Италија извојува тешка победа кај Унгарија (63:69), а Хрватите си играат со оган затоа што (со 4 НБА играчи) и дозволија на Полска да ги победи (79:74).

Полска рампа за Хрватите (фото: fiba.basketball).

Во групата Ј лидер е Литванија со 16, пред Италија со 14, Полска и Унгарија имаат по 12 бода, а Холандија и Хрватска по 11. И тука не е ништо решено, останатите селекции имаат своја математика за понатаму.

Франција и Чешка* имаат по 15 бода во групата К, Русија има 12, исто толку има Финска, Бугарија има 11, а БиХ 10 бода. Французите победија против Финците (83:67), Русите против Бугарите (77:73), а Чесите кај Босанците (80:85).

Во групата Л, Германија* и Грција* се перфектни со по 16 бода, Србија има 13, Грузија и Израел имаат по 11, а Естонија 10 бода. Србите ги совладаа Естонците (91:65), Грција се провлече кај Грузија (85:86), а Германците по дополнителните минути победија против Израелците (112:98).

Wikipedia

* Првите четири селекции што од Европа ќе учествуваат на мундијалот се Литванија, Германија, Грција и Чешка, заедно со Нигерија и Тунис од Африка и со домаќинот Кина.

Следните репрезентативни возбудувања се во ноемвриско/декемврискиот квалификациски прозорец на ФИБА.