ПОЧЕТНА Некатегоризирана Тепачка за еден играч, летаат милиони

Тепачка за еден играч, летаат милиони

сподели
euroleague.net

Американскиот интернационалец е на радарот на турскиот тим Анадолу Ефес, кој што играше во финалето во Витроија и загуби токму од ЦСКА Москва во чиј што дрес игра(ше) плејмејкерот.

Оценет од играчите како човек што е роден за завршните (clutch) удари на натпреварите, кој што последните 4 сезони (беш)е дел од руската машинерија со која што двапати (2016,19) се искачи на тронот, Кори Хигинс е најпосакуваното парче на пазарот.

фото: CSKA Moscow

Се шпекулира дека и Барселона го бара, односно дека веќе има договор, но додека не се официјализира трансферот ништо не е готово, особено ако се земе в предвид дека истанбулскиот тим му нуди 2 милиона долари по сезона.

Се шпекулира дека Реал ќе ги купи Де Коло и Родригез од ЦСКА, односно Мициќ од Анадолу за кого се зборува дека го бара и Сан Антонио, што значи не чека долго и турбулентно лето пред стартот на новата Евролига сезона.