ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТЕО 4: Македонска промоција на кампот на Теодосиќ

ТЕО 4: Македонска промоција на кампот на Теодосиќ

сподели

Синонимот за српската кошарка последнава деценија, е никој друг, туку Милош Теодосиќ. Неговата магија, која што дел е од мајката природа, а другото се е стекнато со работа, сезонава ја почувствуваа и во НБА лигата.

Царуваше додека играше во Европа, во Олимпијакос и во ЦСКА каде што го достигна платото на европските граници, по што реши да замине преку Океанот и таму исто така да ја покаже сета своја имагинација, во моментов во дресот на ЛА Клиперс.

Како и секој голем човек, несебично сака да им пренесе на младите деца кои што ја сакаат кошарката, дел од своето искуство и да им помогне и тие да го пронајдат во себе, она што тој го бараше по многу потежок пат.

Аплицирајте веднаш за

Некогаш беа раритетни, а денес кошаркарските кампови никнуваат како печурки, но ретко кој е квалитетен и може да се пофали со врвни имиња „извадени“ на виделина. За организацијата во кампот „Тео 4“, зборувавме со координаторот Лазар Гојковиќ.

Лазар Гојковиќ

„Кампот се организира во нашите капацитети на Сребрено Језеро, околу 110 км од Белград, во централна Србија, во еден амбиент на убава природа покрај реката Дунав.

Стефан Марковиќ со дел од учесниците на кампот „Тео 4“.

Приказната ја почнавме пред 3 години, ова ни е трета сезона. Првата имавме 5 смени, во втората организиравме 7 смени.

За две сезони, кај нас поминаа околу 1.500 деца од 50 земји, на возраст 9-17 години. Од Македонија, овие две години имаше вкупно околу 100 деца.“ – вели Гојковиќ.

Камповите за кошарка, како и за секој друг спорт, почнуваат да се претвораат во машина за правење пари, наместо да едуцираат и да тренираат деца.

Гојковиќ вели дека тоа е клучната разлика меѓу кампот на Милош Теодосиќ и повеќето други кампови, што се организираат на територијата на соседна Србија и во останатите земји во соседството.

„Важна дистинкција меѓу нашиот и останатите кампови во регионот, е начинот на работа. Иако има многу кампови, ние се разликуваме по принципот на работа и на ангажман на децата.

Многу сме поквалитетни од сите, клучот е принципот на работата на тренерите. Ние не сме комерцијален камп, туку бараме таленти и ги учиме децата што е тоа кошарка и како да станат подобри кошаркари.

Кај нас, освен двата тренинга дневно, децата имаат и два тренинга на фукнционална моторика, координација, на кои што се следени од квалитетни и образовани професори по физичко.

Навечер имаат натпревари, што купно земено е околу 7 часа дневно кошарка и единствено кошарка.

Милош Теодосиќ минатата сезона беше присутен во сите смени, но годинава не знаеме колку време ќе може да одвои, поради неговиот НБА ангажман.

Сепак, знаејќи го каков карактер е, знаеме дека ќе стори се, да биде постојано присутен со нас.“ – продолжува Гојковиќ.

Александар Петровиќ и братот на Милош, Јован Теодосиќ. Во позадина се нашите некогашни кошаркари, Срѓан Станковиќ и Димче Гаштарски, кои што беа присутни на неформалниот кафе-муабет.

Поради големиот интерес, кампот на Милош Теодосиќ мораше да го зголеми првичниот број на термини, односно смени, кои што се организирани од 20. јуни до 15. август.

„Тренери кои што работат кај нас се Александар Петровиќ од Македонија, Влада Вукоичиќ, Владe Јовановиќ, Владимир Ѓокиќ, Дарко Русо, Петар Божиќ, Александар Трифуновиќ, Зоран Тодоровиќ, Дејан Шуковиќ, Зоран Триван и многу други.

Влада Вукоичиќ, 2013-та беше прв тренер на МЗТ Скопје.

Се уште нема ниту едно име што излегло од нашиот камп или што било кај нас, да станало врвен кошаркар затоа што постоиме многу кратко. Но, можам да кажам дека во иднина, од оние деца што биле кај нас, ќе има многу квалитетни кошаркари.

Секоја смена има свој МВП кој што наредната година доаѓа бесплатно. Редоследно, минатата година тоа беа деца од Словенија, Литванија, Србија, Данска, Бугарија, Грција и Естонија. Од споменатите, сигурно ќе има неколку сериозни играчи, кога ќе стасаат во сениорските години.“ – се зборовите на Гојковиќ.

Колку траат смените и кои се термините?

„Една смена трае 9 дена, во кои што има само едно слободно претпладне. Другото време е се кошарка и само кошарка.

Децата понекогаш се шегуваат дека се како во војска, нема излегување од хотелот, времето е прекратко да мислиш на нешто друго освен на кошарка.“ – завршува Лазар Гојковиќ, координаторот на кампот Тео 4.

Повеќе информации може да најдете на teo4.rs, веб-страната на кампот на НБА асот, српскиот интернационалец Милош Теодосиќ.