ПОЧЕТНА Евролига Теодосиќ против Жељко Обрадовиќ во турското првенство!?

Теодосиќ против Жељко Обрадовиќ во турското првенство!?

сподели

Еден од најдобрите европски кошаркари последната деценија наскоро планира да ја заврши НБА епизодата и да се врати на „стариот континент“.

Српски медиуми преку свои извори меѓу менаџерите најавуваат дека Милош Теодосиќ својата кариера ќе ја продолжи во турското првенство и тоа во тимот на Анадолу Ефес. Неодамна во едно интервју во САД, тој најави вакво сценарио со оглед на малата минутажа во Лос Анџелес Клиперс, па и релативно лошиот ефект кој е под нивото на играч со неговите квалитети.

Анадолу Ефес е еден од најмоќните турски, па и европски клубови на финансиски план, има реномирани спонзори, а добрата атмосфера во екипата почна да се чувствува преку резултатите во Евролигата каде имаа една серија од шест победи.

Аплицирајте веднаш за

Враќањето на Теодосиќ, како што најавуваат Србите, може да се случи многу брзо, веројатно уште зимава, па тој ќе има можност да игра во завршницата од Евролигата и турското првенство. Во домашниот шампионат главен ривал ќе му биде Фенербахче, предводен од Жељко Обрадовиќ.