ПОЧЕТНА Избор на уредникот Теодосиќ е слободен играч!

Теодосиќ е слободен играч!

сподели

Српскиот репрезентативец, чија што соработка со руската екипа ЦСКА Москва истече на крајот на мминатата сезона, се уште официјално нема нов клуб. Медиумите пред неколку дена го преселија српскиот плејмејкер преку Океанот, но неговиот статус, официјално, е БЕЗ КЛУБ.

Од сите шпекулации дека е „готово“, дека договорот е официјализиран, дека најдобриот европски кошаркар во минатите неколку сезони веќе се преселил во САД и слично, вистина е само дека „наводно“, според шпеклуации на оние што се сметаат за добри познавачи на кошарката, Теодосиќ и Клиперс „се договориле“.

Аплицирајте веднаш за

Точно е и дека рускиот шампион официјално се прости од Милош Теодосиќ, преку официјалниот клупски сајт и преку социјалните медиуми. ЦСКА Москва, му посака се најдобро на Милош Теодосиќ, во понатамошниот тек на кариерата.

Претходно, Теодосиќ изјави дека неговото заминување од ЦСКА е скоро сигурно и дека сонува за НБА лигата. Претседателот на московскиот клуб Андреј Ватутин исто така посочи, дека ако се појави некоја понуда од преку Океанот, ЦСКА едноставно нема да може финансиски да парира.

Но, од ОФИЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА на договор меѓу Милош Теодосиќ и ЛА Клиперс, се уште нема ништо, што во моментов значи дека виртуозниот додавач е слободен кошаркар.