ПОЧЕТНА Избор на уредникот ТЕМЕЛКОВСКИ: Федерацијата работи легално

ТЕМЕЛКОВСКИ: Федерацијата работи легално

сподели
фото: архива

Челниците на МКФ од стартот на нивниот мандат, во актуелната постава, јасно и кажаа, покажаа и докажаа на јавноста дека нивната цел е враќање на македонската кошарка, таму каде што и е местото.

Македонската куќа на кошарката, изминативе 3.5 години има(ше) еден проблем, а тоа е едностраното гласноговорење и константното напаѓање на се што се случува во просториите на Федерацијата, за исполнување на сопствени цели и за лечење на лични комплекси.

Лимак Куп 2017, Кавадарци (фото: mkf.mk).

Никој не е безгрешен, па така и актуелното раководство на МКФ, но нападите на буквално секој потег, со непоткрепени и со нелогично-нафрлени-и-самоизмислени факти, е рак рана на нашево кошаркарско постоење.

„Македонската кошаркарска федерација, односно Кoмисијата за итност, кои што решаваа по прашањето кои клубови смеат, а кои не, да учествуваат во Првата лига наредната сезона, ги донесоа следниве одлуки:

Секоја екипа што нема да плати котизација во првично утврдениот термин, да плати камата во дополнителниот термин што го утврдивме.

Секоја екипа што нема да плати котизација до истекот на вториот утврден термин, да игра во нашето елитно друштво САМО И ЕДИНСТВЕНО со потписи (консензус) од сите членки на Здружението на прволигашите.

фото: МКФ

Екипата на Шкупи се уште нема право да игра во Првата лига на Република Македонија.

Ние направивме ждрепка, со цел да не губиме време, но рековме дека, ако прашањето за играњето на Шкупи во Првата лига не помине на следната Седница на Управниот одбор, Шкупи нема да игра и ќе направиме уште една ждрепка со 10 екипи.“ – рече за basketball.mk, спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.

Аплицирајте веднаш за

Македонската кошаркарска федерација, предводена од Петар Наумоски, во рекордно време успеа да ја одблокира сметката која што повеќе од 15 години беше замрзната, а никој не знае како и зошто не работеше.

МКФ на чело со Петар Наумоски, со безрезервна поддршка од (по доаѓањето на функцијата спортски директор) Владимир Темелковски, успеа да го протурка правилото 3 македонски играчи на терен во првата фаза и 2 на терен во секое време во втората фаза од нашиот шампионат.

По иницијатива на Владимир Темелковски, кошарка сезонава ќе се игра само во салите кои што ги исполнуваат сите услови по европски стандарди. Само како еден пример – (ова е редакциски став) она што никој немаше храброст да го направи претходно, го направи тој – заслужено го испрати култниот храм „Градски парк“, во пензија.

Македонската куќа на кошарката, со безрезервното залагање на Моника Гавриловска како генерален секретар, успеа да донесе WNBA играч во нашата репрезентација, Диуана Бонер, со што се отвора простор за враќање на нашите дами, односно нашата женска кошарка на европската мапа, нешто што сме заборавиле и дека постои.

Македонската кошарка кубури со потенцијал и со играчи, но тоа не е од вчера, ниту од пред 5 години, ниту од пред 10. Тоа се провлекува уште од времето кога на клубовите им се дозволи да ангажираат 4-ца, па 6-мина странци, кога тие исти клубови ги запоставија младинските школи и кога никој, ама буквално никој не се грижеше за нашите деца.

Македонската кошарка кубури и со нешто друго – а тоа е слободно и независно интерпретирање на се што ни се случува во секојдневието, со цел нашата јавност да добие јасна слика за вистинските теркови и текови во мак-баскетот.

Но, ова последново, од кое што на обичниот човек му се повраќа, е друга тема……