ПОЧЕТНА Европски првенства ТЕМЕЛКОВСКИ: Македонија и Грција заедно да организираат сениорско ЕП

ТЕМЕЛКОВСКИ: Македонија и Грција заедно да организираат сениорско ЕП

сподели

Таргет на заедничката соработка на Кошаркарските Федерации на двете земји, се ЕП за мажи во 2021 година или за жени во 2023.

„Наша желба е да организираме сениорско европското првенство заедно со Грција, без разлика дали тоа ќе биде за мажи или за жени.“ – изјави спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.

Идејата беше претставена на прес-конференцијата за претстојното ЕП во Б-дивизија, што ќе се одржува во нашиот главен град.

Според Темелковски, евентуалното континентално првенство што би се организирало во двете соседни земји, во Македонија би се одржувало во Скопје, а во Грција во престолнината Атина и во Солун.

Аплицирајте веднаш за

Поради подобрата кошаркарска инфраструктура, ако успее овој заеднички проект, Грција секако би ја добила завршницата, а кај нас би се играла група и евентуално дел од елиминациските натпревари.

Интересот за организација на машките првенства е огромен, конкуренцијата е пеколна, а идејата и желбата за организирање на женски континентален шампионат, кај нас постои од поодамна.