ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ: Им благодарам на сите што веруваа во мене

ТЕМЕЛКОВСКИ: Им благодарам на сите што веруваа во мене

сподели

Најдобар поединец и без конкуренција најефикасен играч на М18 финалето сезонава, беше Славчо Темелковски. Постигна 28 поени и 20 скока, имаше индекс 38, со еден збор МВП на последниот меч во младинската сезона.

Скромен и обземен од емоциите по победата против најголемиот ривал, МЗТ Скопје (93:69), Темелковски ја отвори душата за basketball.mk.

„Сакам пред се да се заблагодарам на мојот тренер, Горан Ѓоргиевски кој што во текот на овие две години е пред се одличен педагог и ментор и кој што целосно се посветува во својата работа.

Ова беше напорна година со многу тренинзи, пред се со првиот тим. Им благодарам на Марин Докузовски и Перо Блажевски кои што веруваа во мене и ми дадоа шанса да тренирам со првиот тим во текот на целата сезона.“

FIBA

Со помошта од повозрасните колеги многу полесно се напредува, а најблиските се најголемата потпора во животот на младите кошаркари.

„Исто така без помошта на Мираковски и Чековски ништо од ова немаше да постигнам, бидејки тие целосно се вложија во нас младите, ни го пренесоа целото свое искуство, како на играчки, така и на психички план.

Благодарам на сите што веруваа на мене, воедно големо благодарам и на моето семејство кое што исто така целосно се вложи во мене, ништо од ова немаше да постигнам и без нив.“

Аплицирајте веднаш за

Следува предизвикот со националниот тим, кој што долги години е заглавен во послабата дивизија во Европа.

„Радоста треба да трае еден-два дена и потоа да се продолжи со тренинзи за репрезентацијата, сакам да влеземе во долгоочекуваната А дивизија и да докажеме дека млади КОШАРКАРИ во Македонија постојат.

Со напорен тренинг, со работа, со одговорност и со примерно однесување, еден ден Македонија ке може да смета на нас.“ – изјави Славчо Темелковски, за нашиот портал.