ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ: Жалам за одлуката на Работнички, се надевам дека ќе биде сменета

ТЕМЕЛКОВСКИ: Жалам за одлуката на Работнички, се надевам дека ќе биде сменета

сподели

Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Владимир Темелковски експрено реагираше на одлуката на КК Работнички, да не прими гостински навивачи на натпреварите на домашен терен против МЗТ Скопје во финалната серија.

Клубот од Градски парк стравува за безбедноста на посетителите и тоа е основната причина за овој потег.

Трибината на која требаше да се сместат членовите на „Фемили“, односно симпатизерите на МЗТ Скопје, овојпат ќе остане празна.

„Длабоко жалам за одлуката на Работнички да не прими гостински навивачи иако според актите на Македонската кошаркарска федерација, има целосно право на тоа. Дури и ние му сугериравме на клубот да направи такво нешто во претходниот дел од сезоната за да се избегнат инциденти.

Се надевам дека во следните два дена, двете навивачки групи и двата клуба ќе успеат да се договорат и ќе најдат решение како да го избегнеме овој проблем со цел да имаме полни трибини во двете сали во кои ќе се играат натпреварите од финалната серија.

Во спротивно, преостанува љубителите на кошарката кои нема да можат да најдат свое место на трибините, натпреварите да ги гледаат пред малите екрани“, изјави Темелковски за basketball.mk.