ПОЧЕТНА Куп на РМ ТЕМЕЛКОВСКИ: Да ја рашириме магијата на кошарката

ТЕМЕЛКОВСКИ: Да ја рашириме магијата на кошарката

сподели

Претстојниот викенд во Гевгелија ќе се одржи завршницата од Купот на Македонија во која ќе учествуваат најдобрите осум екипи во земјава во моментов.

МКФ, во соработка со Општината одлучи да ги отвори вратите од салата „26 април“ за сите вистински љубители на кошарката, без разлика од каде доаѓаат.

На прес-конференцијата пред завршниот турнир спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски посака оваа манифестација да остане во паметење на сите, без разлика кој ќе го освои трофејот.

Аплицирајте веднаш за

„Кошарката се игра за навивачите, сакаме да ја рашириме магијата, енергијата и љубовта кон оваа игра.

Ќе има тампон зона меѓу навивачите на екипите со оглед на тоа што во салата има само една трибина, но би сакал завршницата да помине во убава атмосфера, навивачите од сите екипи да се дружат меѓу себе низ Гевгелија и тоа да биде празник на кошарката.

Цената на билетите е симболична, можат клубовите да се организираат со навивачите и не гледам причина зошто да нема фанови од секаде. Натпреварот од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година против Косово беше од ултра висок ризик, па успешно го организиравме во Гевгелија, без ниеден проблем.

Сега ќе има агенции за обезбедување и полиција кои работат на високо ниво и ќе бидат спречени какви било инциденти ако дојде до нив.

Претставниците на Кожув и Блокотехна, Ѓорѓи Гетов и Драган Ристов потврдија дека се подготвени за секаков ризик и се е предвидено“, изјави Темелковски.