ПОЧЕТНА Други лиги ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ: Нападнат гостински кошаркар, од страна на противничката екипа и од...

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ: Нападнат гостински кошаркар, од страна на противничката екипа и од трибината

сподели
Дарко Најдовски - фотографија од архивата на basketball.mk, кога, додека играше за Карпош Соколи, се повреди на меч со Кожув, во плеј-аутот минатата сезона.

На мечот меѓу екипите на Лирија 77 од Чаир и Академија ФМП, во рамките на Втората лига – Исток, се случил инцидент, по што натпреварот бил прекинат и за разврската ќе се решава во Канцеларијата на МКФ.

Според очевидци, играч на гостинската екипа бил прво удрен од страна на играч од домашната екипа, а потоа кон нападот се приклучиле и лица од трибината.

„На 6:23 до крајот на третата четвртина, при досуден фаул и водство за нашата екипа од 25 поени, се случи инцидент во кој што учествуваа наш и противнички играч.

Еден од домашните играчи, на натпреварот на кој што ние бевме гости, му удри шлаканица на нашиот играч.

Потоа, на теренот влетаа целата домашна клупа и 10-тина млади лица од трибината, кои што го нападнаа нашиот играч што претходно беше удрен.“ – велат претставници на КК Академија ФМП.

Нападнатиот играч на КК Академија ФМП е Дарко Најдовски, кој што во минатото играше во дресот на Карпош Соколи.

„На терен влегоа и домашниот тренер заедно со две повозрасни лица од трибината, кои што се обидоа да ги разделат напаѓачите од нашиот играч.

Сето ова немаше да се случи, ако сопственикот на домашниот клуб беше присутен во салата, но тој оправдано замина во болница со еден од неговите играчи кој што претходно се повреди.

Натпреварот беше прекинат, не се доигра, а ние како клуб ја чекаме реакцијата од канцеларијата на МКФ, по што и ние ќе испратиме официјална реакција и изјава до медиумите.“ – велат извори од раководството на КК Академија ФМП.

Аплицирајте веднаш за

Претставници на гостинската екипа велат дека играчот на Лирија 77, кој што го удрил Најдовски, во текот на денот му испратил СМС пораки во кои што се извинувал за својата постапка.

Basketball.mk се обиде да стапи во контакт и со претставници на екипата на Лирија 77, од каде што очекуваме да добиеме официјална изјава за настанот.