ПОЧЕТНА А Репрезентација ТАСОВСКИ: Гостивар беше најсериозната екипа во преговорите

ТАСОВСКИ: Гостивар беше најсериозната екипа во преговорите

сподели
Големиот воин Диме Тасовски секогаш е тука да помогне

Повратникот во националната селекција на Македонија, Диме Тасовски кариерата ќе ја продолжи во редовите на новиот прволигаш, кој што покажува високи амбиции во новата сезона, за останување меѓу елитата и за борба за високите позиции на табелата во македонското првенство.

„Кога завршија обврските кон мојата поранешна екипа, Работнички, со која што не можев да најдам заеднички јазик за продолжување на соработката, веднаш се јавија луѓето од управата на Гостивар и настапија сериозно во преговорите. Потпишавме едногодишна соработка, што во моментов е идеална опција за двете страни.

Одлично се познавам и до сега беспрекорно сме се согласувале со Марјан Србиновски, мојот нов тренер. Имав и други можности, но се решив за оваа и мислам дека не згрешив, дека ја избрав вистинската. Гостивар ќе биде убава приказна.“ – изјави Диме Тасовски за basketball.mk.

Гостивар доби искусен играч и одличен шутер

Тасовски има 36 години, кариерата ја почна во Жито Вардар. Играше во Вардар, Работнички, Струмица, Политехника (Полска), Трепча (Косово), Фени Индустри, Лирија и Карпош Соколи. Се уште има прецизна рака од дистанца, а неговиот шут и неговото искуство, ќе бидат одлична потпора за младите во екипата кои што ќе има што да научат.