ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тандемот Јанески-Мекиќ и пресуди на Струмица

Тандемот Јанески-Мекиќ и пресуди на Струмица

сподели
Капитенот како прв стрелец на натпреварот

Како што одминува сезоната, Куманово е се поблиску до заверка на четвртата позиција на табелата која води во плеј-офот.

Екипите од долниот дел на табелата се редовни клиенти, во редот влезе и Струмица откако Куманово на домашен терен славеше со 93:76.

Без многу напор, победникот се знаеше веќе по првата четвртина која кумановци ја добија со 28:14. Во финишот од полувреме беше и +21 за домаќините, но очигледно кошаркарите на Александар Петровиќ не сакаа многу да притискаат и се задоволија со оние 17 со кои заврши натпреварот.

Капитенот Јанески го предводеше Куманово со 21 поен при што имаше само две промашувања од поле. Покрај него се истакна и Мекиќ со 20 поени.

Кај Струмица, прв стрелец беше Делипетров со 24 поени.