ПОЧЕТНА Европски лиги Тандемот Филиповски-Митев заедно и во Монако

Тандемот Филиповски-Митев заедно и во Монако

сподели

Една недела откако францускиот вицешампион направи смена на тренерската позиција, комплетиран е стручниот штаб со кој во новата сезона ќе се атакува на титулата во домашното првенство.

Бобан Митев повторно ќе му биде помошник на својот стар пријател Сашо Филиповски со кого работеше и претходните две сезони во Банвит, но и порано во Туров.

За Митев ова ќе биде прво искуство во француското првенство, а Монако во новата сезона ќе се обиде да направи чекор напред и да ја освои првата титула во својата историја.

Аплицирајте веднаш за

Во сезоната што помина, Монако загуби во финалето од домашното првенство, но и во Лигата на шампионите на ФИБА. Подобар беше АЕК кој славеше на домашен терен со 100:94.

На патот до завршниот турнир во ова натпреварување, францускиот прволигаш го совлада Банвит кој беше предводен токму од Филиповски и Митев.