ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Суспендираните клубови добиваат втора шанса, целта е регуларноста на кошарката

Суспендираните клубови добиваат втора шанса, целта е регуларноста на кошарката

сподели
МКФ не може да ги принуди клубовите да играат затоа што Суперкупот не беше најавен во календарот

Иако македонските екипи ги немаат подмирено долговите кон МКФ, канцеларијата на Федерацијата на чело со новиот спортски директор Владимир Темелковски покажа разбирање и сенс за спортот и им дозволи да го пролонгираат уплаќањето на сите средства што треба да се слеат во касата на нашата куќа на кошарката.

Недоразбирањата се изгладени и македонските клубови имаат нов рок, најдоцна до 20-ти април, беше решено на состанокот меѓу членките на Здружението на прволигашите и претставникот на МКФ.

На состанокот биле присутни претставници на Работнички, МЗТ Скопје, Куманово, Гостивар, Шкупи, Охрид, Кожув и Пелистер, а вкупниот долг кон МКФ изнесува околу 8 милиони денари.

Екипите што ја немаат уплатено првата рата од котизацијата треба истата да ја исплатат во најбрз можен рок, а потоа да бидат уплатени и втората рата, односно средствата акумулирани за лиценцирање на странските играчи и за евентуални казни.

фото: ekipa.mk

Сите субјекти кои што нема да ги подмират обврските ќе бидат суспендирани на еден натпревар, а при евентуална втора суспензија следи нивно исфрлање од натпреварувањата.

Единствена екипа што е на нула, со сите подмирени обврски, е Блокотехна од Гевгелија.