ПОЧЕТНА НБА СУДОТ ПРЕСУДИ: Вориорс ќе платат 40 милиони долари отштета!!!

СУДОТ ПРЕСУДИ: Вориорс ќе платат 40 милиони долари отштета!!!

сподели

Екипата на Голден стејт игра одлично на почетокот на сезоната, поставува нови граници во кошарката на индивидуално и тимско ниво, но загуби една правна битка во судницата.

Владината агенција на САД, која што менаџира со Оукленд арената инвестирала 150 милиони долари за реновирање во 1996-та година.

НБА франшизата се согласила дека ќе помага финансиски со годишни рати, а сега, откако е решено Вориорс да се селат во Сан Франциско, ќе треба да исплатат уште 40 милиони долари.

Аплицирајте веднаш за

Раководството на Голден стејт Вориорс вели дека не се согласува со оваа одлука и дека нивната обврска престанува со прекинувањето на договорот со арената.

Но, судијката Ребека Вестерфилд наредила да се плаќаат ратите се до 2027-та, кога завршува проекцијата што претходно била направена.

Вориорс плаќаат по 7.5 милиони долари, секоја година, а според најавите од раководството, и покрај негодувањето тие ќе го исплатат секој долар што и го должат на државата.