ПОЧЕТНА Евролига Судијата го спаси Калиниќ

Судијата го спаси Калиниќ

сподели

Српскиот интернационалец беше во налет при една контра, кога беше фаулиран, а меѓу негов потенцијален силен контакт со трибината или со некој тврд објект крај теренот, се испречи арбитарот.

Судијата Олег Латишевс од Летонија „му го спаси животот“ на Калиниќ, кој што на крајот на мечот имаше 17 поени и 7 скока, беше најдобриот стрелец и имаше највисока валоризација (23), но Фенер загуби со 70:68.