ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Струмица се раздели со Американците, до крајот на сезоната ќе игра со...

Струмица се раздели со Американците, до крајот на сезоната ќе игра со домашни кошаркари

сподели
Тајнс и Гилберт повеќе нема да бидат членови на Струмица

Во пресрет на продолжението од сезоната, Струмица направи сериозен рез во екипата. Раскината е соработката со тројцата странци кои играа во првата полуетапа и во продолжение товарот ќе падне исклучиво на домашните кошаркари.

На ваков чекор Струмица се одлучи од неколку причини.

Тајлер Дајл се враќа на Косово

Крилниот центар Рантавиус Гилберт имаше скршеница на стапалото од натпреварот против Блокотехна. Тајлер Дајл потпишал за тим од Косово и Струмица нема да му прави проблем таму да ја продолжи кариерата. Последниот Американец, Кевин Тајнс е ослободен на негово барање.

Товарот во вториот дел од сезоната ќе падне врз домашните кошаркари

Според информациите од клубот, Струмица ќе се обиде да ангажира двајца домашни кошаркари и со нив ќе брка опстанок во Првата кошаркарска лига. Подготовките за втората полусезона почнуваа в четврток (4 јануари), а следен противник е АВ Охрид.