ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Странски плејмејкер доаѓа во Кожув

Странски плејмејкер доаѓа во Кожув

сподели

Единствениот македонски претставник во БИБЛ лигата оваа сезона во текот на утрешниот ден ќе го комплетира ростерот.

Како што дознава basketball.mk, во Гевгелија доаѓа кошаркар кој игра на плејмејкерската позиција и со него ќе се пополни квотата за странски кошаркари кои можат да играат во домашното првенство.

Во моментов членови на гевгелискиот тим се Пековиќ, Мишковиќ и Радуловиќ на кои треба да им се приклучи новиот играч.

Аплицирајте веднаш за

Кожув ги привршува подготовките за новата сезона во која влегува со зголемени амбиции. Освен учеството во БИБЛ лигата, поранешниот финалист во првенството и Купот на Македонија има цел да се пласира во плеј-офот за титулата кој минатата натпреварувачка кампања му избега за малку.

Освен странските засилувања, ова лето во Кожув дојдоа уште Никола Караколев, Александар Штерјов и Блажо Митков.