ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Стојан Ѓуроски е нов член на Карпош Соколи

Стојан Ѓуроски е нов член на Карпош Соколи

сподели
Од Аеродром во Карпош - Стојан Ѓуроски

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски е нов член на Карпош Соколи.

Со освојувачот на Купот на Македонија, младиот гостиварчанец потпиша договор на една година и ќе биде огромно засилување за претстојната сезона. Во Карпош Соколи тој доаѓа од големиот градски ривал МЗТ Скопје каде што ја помина последната сезона.

„Имавме неколкудневни преговори со МЗТ Скопје, но не можев да се договорам со новата управа на клубот. Поради тоа одлучив да си заминам и се решив за Карпош Соколи.

Преговорите со Огнен Дедиќ поминаа во прекрасна атмосфера, јас имам огромен респект кон него, а и тој кон мене и немавме проблем да се договориме. Токму односот кон мене го сметам за најдобар доказ за сериозноста на овој клуб.

По Кире Николовски, уште еден репрезентативец меѓу „соколите’

Не очекува настап во Лигата на шампионите на ФИБА, ако не успееме таму и во ФИБА Европа купот и тоа е голем предизвик за мене. Сметам дека и во домашното првенство повторно ќе бидеме кандидати за шампионската титула“, изјави Ѓуроски за basketball.mk.

Тој е трето засилување за составот на Борче Даскаловски во пресрет на новата сезона по Кире Николовски и Американецот Џејлон Браун.