ПОЧЕТНА Интернационалци СТОЈАНОВСКИ: Екипата игра се подобро

СТОЈАНОВСКИ: Екипата игра се подобро

сподели
фото: Oldenburg

Нашиот репрезентативен капитен се ре-адаптира на германската кошарка, во дресот на Олденбург. Македонецот веќе играше во оваа лига, од 2013 до 2015 во редовите на Алба.

На последниот меч, Војдан и соиграчите се радуваа на триумф против Лудвигсбург и имаат 3/0 на стартот на германскиот шампионат.

rezultati.com

„Одлично се вклопуваме во новата средина и екипа, мислам на себе и на моите соиграчи. Играме добро во првенството на Германија, победивме на сите натпревари од почетокот на новото првенство.“ – вели Стојановски.

Неочекувано, екипата што ја дели втората позиција со Алба Берлин и со Бамберг (на првата е Баерн со 4/0), беше елиминирана во елиминацискиото натпреварување.

„Разочарување беше поразот од Јена во Купот на Германија, но таков е спортот и мора да продолжиме напред и да размислуваме само за оние натпревари што се пред нас.“ – рече капитенот на Македонија.

Аплицирајте веднаш за

Стојановски игра одлично на почетокот на сезоната, на последниот меч постигна 13 поени со 7 скока за скоро 23 минути игра.

Следниот предизвик за екипата на Олденбург е пресметката со Франкфурт, на домашен терен, на 27-ми октомври.