ПОЧЕТНА Женска кошарка СТОЈАНОВСКА: Се издигнавме над сите проблеми и заслужено ја освоивме титулата

СТОЈАНОВСКА: Се издигнавме над сите проблеми и заслужено ја освоивме титулата

сподели
Стојановска ја одбележа сезоната, освои МВП награда во финалето и е меѓу најзаслужните за титулата на Бадел (фото: MKF)

Бадел 1862 ја продолжи доминацијата во македонската кошарка во женска конкуренција.

Петта година по ред тимот од Кисела Вода е без конкуренција во домашното првенство иако се очекуваше голема битка во финалето од плеј-офот.

Вардар повторно успеа да освои еден трофеј, оној во Купот, но Бадел 1862 со 3-0 триумфираше во шампионатот.

„Им честитам на моите соиграчи за добрата игра, желбата и за борбеноста што ја покажаа цела оваа сезона, како резултат на што ја освоивме и петтата титула по ред во домашното првенство.

Исто така сакам да им се заблагодарам на сите нив, на нашиот тренер кој е најзаслужен за сето ова и на целиот стручен штаб на нашиот тим Бадел 1862, кој ни овозможи добри услови за работа и ни даваше неизмерна поддрша во текот на целата сезона и најголема благодарност до нашата прекрасна публика која секогаш е со нас во добро и во лошо.

(фото: MKF)

Ова беше една тешка сезона за нас, се соочивме со многу повреди и лоши моменти, но и покрај тоа работевме доста напорно, едноставно игравме една за друга на терен и мислам дека сосема заслужено победивме на крај“, изјави за basketball.mk, најкорисната кошаркарка во финалната серија Александра Стојановска.

Аплицирајте веднаш за

По триумфот во Купот на Македонија, се чинеше дека Вардар има големи шанси да ја прекине доминацијата на Бадел 1862. Излезе дека не е така, а токму тој меч во Кавадарци беше пресвртница на сезоната.

„Задоволна сум од сезоната, како на тимски, така и на личен план бидејќи напорната работа секогаш се исплати на крајот. Без прогласена за МВП на финалната серија, но за таа награда не сум само јас заслужна туку целиот мој тим и сум пресреќна што сум дел од ваков колектив.

(фото: MKF)

Поразот во купот би кажала дека тоа беше еден наш лош ден, по кој навистина ни беше тешко затоа што тоа не беше нашата игра како да не бевме ние на теренот. Но, сето тоа беше една лекција за нас и мотив плус за да го докажеме спротивното“, додава репрезентативката.

По пет титули во низа во домашното првенство, неизбежно е прашањето: кој е рецептот на Бадел 1862?

„Колективната игра, желбата што ја имаат играчите за победа и напорната работа“, тврди Стојановска.