ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Стајиќ се враќа, против своите

Стајиќ се враќа, против своите

сподели
Сезонава одигра само еден натпревар, во Куманово треба да биде вториот (фото АВ Охрид)

По пауза од две недели, во тимот на Работнички се враќа репрезентативниот плејмејкер.

Бобан Стајиќ доживеа сообраќајна несреќа кон средината на месецот и ги пропушти дуелите против Пелистер и Кожув на кои актуелниот шампион оствари победи без поголеми проблеми. Од судирот тој излезе со повреда на коленото, за среќа не многу тешка, и по реахбилитацијата, се враќа во стројот.

Првпат против клубот од каде дојде во Работнички – Стајиќ со својот соиграч Бојан Крстевски

Во составот се враќа токму за дербито против Куманово, екипа од каде во текот на летото се пресели во Градски парк, заедно со Марјан Јанески.

„Ова ќе биде прв натпревар за мене по несреќата, паузирав две недели и со нетрпение го очекувам враќањето.

Минатата сезона играа заедно во Куманово, сега заедно против поранешниот клуб – Стајиќ (лево) и Караџовски

Не сум 100% подготвен, но сепак можам да му помогнам на Работнички на тешкото гостување. Ова е многу важен натпревар за нас, пред се на психички план бидејќи во следното коло сме слободни, а потоа го играме дербито на сезоната со МЗТ Скопје”, изјави Стајиќ за basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за

Репрезентативниот плејмејкер оваа сезона играше само против АВ Охрид во првото коло. За Работнички, дуелот против Куманово ќе биде прв посериозен тест оваа сезона. Полуфиналистот од минатата натпреварувачка кампања има максимален ефект во досегашниот дел од првенството и ќе има што да каже во натпреварот со шампионот.