ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Стајиќ повреден пред дуелот со Работнички, но ќе „стисне заби“

Стајиќ повреден пред дуелот со Работнички, но ќе „стисне заби“

сподели

По серијата од пет победи, Куманово во добро расположение го очекува продолжението од сезоната и гостувањето кај лидерот Работнички.

Желбата на сите во тимот е низата да продолжи и да му се одмаздат за поразот со пресвртот во првото коло од првенството. Јасно е дека ќе биде тешко бидејќи Работнички е без пораз во досегашниот дел од шампионатот, а дополнителни проблеми прави состојбата со плејмејкерот Бобан Стајиќ.

„На еден тренинг незгодно згазнав и имам истегнување на скочниот зглоб. Се обидов да тренирам нормално последните денови, но се чувствува болката.

Против Работнички ќе играм по секоја цена, не се пропушта таков натпревар. Ќе го бандажирам зглобот и се надевам дека нема да има поголеми проблеми”, изјави Стајиќ за basketball.mk.