ПОЧЕТНА Некатегоризирана Срцето му застана поради Јокиќ…

Срцето му застана поради Јокиќ…

сподели
фото: Sky Sports

Најдобриот српски кошаркар во моментов го одведе Денвер Нагетс до израмнување во полуфиналната серија од Источната конференција против Портланд.

Никола Јокиќ постигна 21 поен, 12 скока и 11 асистенции за четврти трипл-дабл во плеј-офот оваа сезона. Неговите перформанси, квалитет и лидерски способности беа причина сите да се фатат за глава кога во финишот од натпреварот се фати за колено и го напушти теренот.

„Срцето ми застана. Тој е лицето на нашата франшиза. Но, не е ништо сериозно“, изјави по мечот тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.

Возбудувањата од оваа серија продолжуваат в среда наутро, во 4:30 часот по средноевропско време.