ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Српско засилување за Куманово, пред Купот

Српско засилување за Куманово, пред Купот

сподели

Некогашниот вицепрвак и финалист во куп натпреварувањето кај нас, сериозно се засилува пред претстојните натпревари на Фајнал 8 турнирот што ќе се одигра во Кавадарци од 16-ти до 18-ти февруари.

Бранислав Ѓекиќ има 26 години, 207 см и според предиспозициите игра на крилните позиции. Има златни одличја со младинските селекции на Србија, на европското првенство У16 што се одигра 2007-та и на светското првенство У18 во 2009-та година.

Во Куманово доаѓа, односно се враќа играч кој што потекнува од школата на Партизан (2009-13), кој што играше во Мега (2011), Струмица (2013/14), Куманово (2014/15), Лашко (2015-/16), ОКК Београд (2016), минатата сезона во Фени Индустри (2016/17), а оваа ја почна во Рогашка.

Аплицирајте веднаш за

Првиот натпревар на кумановци е единствената дерби пресметка во првата рунда, во рамките на првиот натпреравувачки ден, против екипата на Гостивар која што ја совладаа на гостински терен во меѓусебното соочување во последното коло од првиот дел од нашето првенство.