ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Српски навивачи го нападнале семејството на Богдан Богдановиќ

Српски навивачи го нападнале семејството на Богдан Богдановиќ

сподели

Непредвидливиот балкански менталитет повторно дојде до израз и повторно по лошо.

Во периодот кога Богдан Богдановиќ ја носеше српската репрезентација до медал на Европското првенство, настрада неговото семејство и тоа поради ситни навивачки души. Медиумите кај нашиот северен сосед јавуваат како минатата недела, по натпреварот меѓу Србија и Русија на Европското првенство, во еден ресторан во Истанбул биле нападнати таткото и сестрата на Богдановиќ и тоа од српски фанови.

Полошо поминал татко му кој добил удар во главата и расекотина на лицето. Неверојатно е тоа што причина за инцидентот биле навивачките песни за Партизан кои ги пеела сестрата на Богдан, Бојана.