ПОЧЕТНА Светски првенства Српскиот дрим тим останува само сон, словенечкиот се распадна?

Српскиот дрим тим останува само сон, словенечкиот се распадна?

сподели
Александар Ѓорѓевиќ и Милош Теодосиќ (фото: StarSport, B92)

Селекторот на нашиот северен сосед се соочува со големи проблеми во составувањето на ростерот што ќе истрча во септемврискиот прозорец, во најбитната фаза од мундоквалификациите.

Составот на Србија што (со мали промени) ги освои сребрените одличја на последните СП, ЛОИ и ЕП (фото: fiba.basketball).

По откажувањето на Јокиќ, нема да играат ниту Теодосиќ и Марјановиќ, двојката на Клиперс која што не доби дозвола од нивната екипа да настапи во прозорецот на ФИБА.

Урош Луковиќ (1989, 213) во моментов настапува за црногорската екипа Морнар од Бар (фото: aba-liga.com).

Како евентуална замена која што би можела да се најде на листата со имиња што ќе играат кај Грците и против Естонците, Сале Национале го повика поранешниот играч на Куманово и МЗТ Скопје, Урош Луковиќ.

rezultati.com
Аплицирајте веднаш за

Србите имаат 4 победи и 2 пораза, на табелата се наоѓаат на третата позиција која што последна води во Кина наредната година, но секој натпревар од оваа последна фаза е клучен за конечниот поредок.

rezultati.com

Не е проблем евентуален пораз во мечот со Грците, туку нападот на Израел или Грузија од позадина, две непријатни селекции кои што се во група со Србија.

rezultati.com

Четата на Александар Ѓорѓевиќ најверојатно директно ќе ја решава својата судбина во двомечот со Израел, во ноември оваа и во февруари следната година.

rezultati.com

Проблеми со составот имаат и Словенците, кои што нема да ги гледаат Лука Дончиќ и Клемен Препелиќ, кои што не добија дозвола од Далас и Реал Мадрид, односно „пензионираниот“ Горан Драгиќ.

Дали беше чудо за еден ден? Репрезентацијата на Словенија во Истанбул 2017 со победничкиот пехар на континенталниот собир (фото: fiba.basketball).

Словенија е на последната позиција во групата со Шпанија, Турција и Летонија кои што се на првите три позиции, односно Црна Гора и Украина кои што се на следните две.