ПОЧЕТНА Некатегоризирана Среќа измиксана со тага – Дурант не игра ни во Портланд

Среќа измиксана со тага – Дурант не игра ни во Портланд

сподели
фото: Yahoo

Голден Стејт води со 2:0 во финалната серија од Западната конференција, но кратко по втората победа стигнаа непријатни вести за бранителот на титулата.

Еден од најдобрите играчи во екипата и МВП на финалето во 2017 и 2018 година Кевин Дурант нема да игра ни на третиот и четвртиот меч против Портланд што се играат во Орегон. Тоа значи дека ќе пропушти вкупно пет натпревари бидејќи не играше и во последниот против Хјустон во полуфиналето на Западот.

„Крилниот играч Кевин Дурант, кој го повреди листот на 8-ми мај, забележа прогрес во текот на еднонеделната рехабилитација, но на ова ниво уште не е подготвен да игра“, се вели во соопштението од Вориорс.

За среќа на Голден Стејт, отсуството на Дурант не се почувствува во овие три натпревари кои ги пропушти. Без него Кари и компанија го елиминираа Хјустон, а сега имаат две победи предност против Портланд.

Во досегашниот дел од плеј офот КД просечно постигнуваше по 34,2 поени, 5,5 скока и 4,9 асистенции по натпревар.