ПОЧЕТНА Други репрезентации Србија ја „растури“ Грција, Шариќ и Дончиќ блескаа во Опатија

Србија ја „растури“ Грција, Шариќ и Дончиќ блескаа во Опатија

сподели
фото: mondo.rs

Репрезентациите од Европа продолжија со подготвителните натпревари во пресрет на Евробаскетот што почнува кон крајот на август.

Во главниот град на Србија се одржува „Трофеј Београд“ на кој учествуваат домаќинот, Грција и и Црна Гора. Во првото коло, Грција ја совлада Црна Гора со 83:81, но синоќа доживеа тежок пораз од Србија со 61:93.

Србите одиграа фантастичен натпревар, се бореа за секоја топка и на крајот заслужено стигнаа до убедливиот триумф со што, меѓу другото, се промовираа во можеби најсериозен кандидат за златото на Европското првенство. До победата стигнаа без својот капитен Милош Теодосиќ и Мирослав Радуљица што најдобро зборува за силата на составот на Александар Ѓорѓевиќ.

Најефикасен на теренот беше Богдан Богдановиќ со 14 поени, а во неговата селекција Лучиќ додаде 13 и Марјановиќ 11 поени. Кај Грција, Бурусис постигна 13 поени.

Подготвителен натпревар одиграа и соседите Хрватска и Словенија во Опатија. Победија „коцкестите“ со 85:81 на крилјата на Дарио Шариќ кој постигна 25 поени, 15 скока и шест асистенции. На спротивната страна повторно блескаше Лука Дончиќ со 27 поени, но тие не беа доволни за победа на Словенија.