ПОЧЕТНА Некатегоризирана Србија и Ангола го отвораат Светското првенство

Србија и Ангола го отвораат Светското првенство

сподели

На нешто повеќе од три месеци пред почетокот, ФИБА го објави распоредот на натпревари за Мундијалот кој летово ќе се одржи во Кина.

Почнува на 31-ви август, а првиот меч ќе го одиграат селекциите на Србија и Ангола, во 15:30 часот по локално време во „Фошан арената“. Натпреварот е од групата Д во која се уште Филипини и Италија.

Финалниот меч е закажан за 15-ти септември од 20 часот по локално време, во „Пекинг арената“ во кинеската престолнина.

Првпат во историјата на едно Светско првенство ќе настапат 32 репрезентации што носи и поголем број натпревари и поголеми возбудувања.