ПОЧЕТНА Други репрезентации Србија го доби првиот црномурест репрезентативец!

Србија го доби првиот црномурест репрезентативец!

сподели
фото: b92.net

Познато е дека Србите се многу горди кога станува збор за кошарката и кошаркарската репрезентација на оваа земја е единствена на просторите на поранешна СФРЈ, а една од ретките во Европа која во своите редови нема натурализиран кошаркар.

Но, интересно беше на натпреварите против Австрија и Грузија кога во дресот на српскиот национален тим заигра првиот црномурест кошаркар. Стефан Пено е еден од најголемите таленти во Европа, има само 20 години, а веќе може да се пофали со четиригодишен престој во Барселона и во моментов е играч на Алба.

фото: novosti.rs

Да не дојде до забуна, Пено е Србин, роден е во Белград од татко Србин и мајка Гвајанка поради што има двојно државјанство. Но, интересен е токму поради тоа што е прв црномурест кошаркар во сениорската српска репрезентација.

„Одлично се чувствувам. Малку ми беше нереален собирот со А-репрезентацијата, но постарите играчи ми помогнаа да се вклопиме брзо и чувството по ова е феноменално. Со нетрпение го очекувам следниот собир“, изјави плејмејкерот по натпреварот против Грузија на кој постигна 17 поени и девет асистенции.

FIBA

Иако досега не играл во сенироската репрезентација, Пено беше член на младинските селекции на Србија. Со тимот до 16 години освои бронза на ЕП 2012 и сребро на ЕП 2013 година, до 18 години беше европски вицешампион во 2014 година, а до 17, третопласиран на Мундијалот истата година.

Има и едно индивидуално признание од Европското првенство во 2013 година кога беше прогласен за најкорисен играч (МВП).