ПОЧЕТНА Светски првенства Србите си го комплицираат животот, Бугарите победуваат со Костов

Србите си го комплицираат животот, Бугарите победуваат со Костов

сподели
фото: ФИБА

Растат шансите првпат по распадот, на Светско првенство да не игра ниедна репрезентација од поранешна Југославија. Словенија и БиХ се веќе во аут, Хрватска се бори со сите сили, а Црна Гора и Србија се на работ. До крајот на квалификациите има уште три кола, но системот на ФИБА никому не му дава фаворитска улога.

Тоа го почувствува поранешниот европски и светски првак Србија која загуби на гостувањето кај Израел со 83:74 и си ја искомплицира ситуацијата во финишот од овој циклус. Во отсуство на евролигашки и НБА играчи, српската репрезентација е сосема поинаква и тоа се виде на теренот во Тел Авив.

Група Л (Wikipedia)

Резултатот беше израмнет три четвртини, но во последните 10 минути домаќинот притисна на гас и дојде до убедлива победа. Гај Пнини со 18 поени го предводеше Израел, а Џејк Коен додаде 14. Во српската репрезентација Милосављевиќ беше прв стрелец со 17 поени, но селекторот Александар Ѓорѓевиќ се пожали на незалагањето на неколку кошаркари во тимот.

Во следното коло Србите ја пречекуваат Грција која има максимални 9/0 во досегашниот дел од квалификациите.

Бугарија со кошаркарот на Работнички, Чавдар Костов ги задржа шансите за пласман на Светското првенство по победата против БиХ со 89:82.

Група К (Wikipedia)

Божидар Аврамов со 20 поени од кои пет тројки беше клучен фактор за бугарската репрезентација, а Костов заврши со 11 поени и пет скока.

Халиловиќ постигна 20 поени за БиХ чии резервни играчи тотално потфрлија и заедно реализираа само шест поени.