ПОЧЕТНА ЕВРОПА Србите не забораваат од каде потекнуваат, затоа се спортска велесила

Србите не забораваат од каде потекнуваат, затоа се спортска велесила

сподели

Акцијата на компанијата Моцарт, која што го носи името „100 терени за една игра“, стигна и до Добој, каде што израсна српскиот репрезентативец и актуелен член на Реал Мадрид, Огњен Кузмиќ.

Теренот што беше реконструиран, со цел најмладите да имаат место каде што ќе ги почнат првите кошаркарски чекори, го носи името на центарот на Кралскиот клуб.

Кузмиќ е роден во Добој 1990-та, во годините кога во БиХ се најавуваше најкрвавата меѓубратска војна во поновата историја на балканските простори, која што нешто подоцна и се случи.

Аплицирајте веднаш за

Овој терен е број 64, има специјална подлога за надворешни услови, поставени се специјални табли со зглобни обрачи, со што оние што ќе ги поминуваат деновите таму, ќе имаат посебно искуство.

Освен тоа што го отвори новиот терен и остави своја фотографија за спомен, Кузмиќ им ја повтори на најмладите (преведено и парафразирано) најпознатата шампионска фраза – „Победниците никогаш не се откажуваат, а оние што ќе се откажат никогаш нема да станат победници“.

НАПОМЕНА: Фотографиите се преземени од Моцарт и Б92.