ПОЧЕТНА Светски првенства Србите засилени, Грците ослабени – во братската битка за пласман на СП...

Србите засилени, Грците ослабени – во братската битка за пласман на СП 2019

сподели

Селекцијата на нашиот северен сосед ќе игра во најсилниот состав, во квалификациските мечеви во септемврискиот прозорец.

Тоа го најави една од најголемите ѕвезди на Србија, играчот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ.

„Сакаме да бидеме што посилни. Имаме многу самодоверба. Грците досега немаат пораз, а ние сакаме тешки натпревари. Тоа ќе биде голема пресметка.

Би сакал сите да сме здрави и да може да играме во најсилниот состав. Мора да сториме се, да се пласираме на СП.“ – изјави Богдановиќ за српските медиуми.

Од друга страна, селекторот на нашиот јужен сосед го објави списокот на неговата репрезентација, на кој што го нема најголемиот грчки ас во моментов.

Аплицирајте веднаш за

На листата со имиња на Танасис Скуртопулос, го нема Јанис Адетокумбо кој што настапува за екипата на Милвоки Бакс.

Овие две репрезентации ќе ги одмерат силите на 13-ти септември во Хераклион на Крит, а на 3-ти декември играат во Србија.

Грција има 6/0 на втората позиција во групата Л, зад Германија со 6/0 и пред Србите со 4/2, кои што претрпеа два пораза од Германија во овој комплициран повеќефазен квалификациски систем на ФИБА.

Првите три репрезентации од групата со 6 селекции, ќе се пласираат на следното СП во Кина, следната година, а другите три одат во квалификациите за следното ЕП, што ќе се игра 2021.