ПОЧЕТНА ЕВРОПА Србинот се врати во Италија, но на другата клупа?

Србинот се врати во Италија, но на другата клупа?

сподели
fiba.basketball

Александар Ѓорѓевиќ е новиот тренер на екипата на Виртус од Болоња. Тоа е еден до двата најуспешни италијански тима, во поновата историја на апенинската кошарка.

Најуспешниот на сите времиња е Варезе, кој што под разни спонзорски имиња царуваше во Европа и освои 5 титули во 10 редоследни финалиња од 1970-та до 1979-та, но во новата кошаркарска ера тоа се Виртус и Фортитудо.

Токму втората спомената екипа од двете во Болоња, беше онаа во која што Ѓорѓевиќ играше, а сега се враќа на другата страна од градот. Ќе биде интересно да се види како ќе биде дочекан, прво од сегашните навивачи, а потоа и од некогашните негови симпатизери кога овие два тима ќе се судрат на паркетот*.

Тој веќе имаше една таква епизода, кога ги смени боите на Барса, со белата на Кралскот клуб за време на играчката кариера.

mondo.rs

Саша Ѓорѓевиќ играше во Партизан, Олимпија, Фортитудо, Портланд, Барселона, Реал Мадрид, Скаволини и Олимпија, каде што ја заврши кариерата и каде што почна да се занимава со тренерскиот занает.

По екипата од Милано, тој од клупата ги предводеше Бенетон, Панатинаикос и Баерн Минхен, а од 2013-та е селектор на репрезентацијата на Србија, со која што играше во финалињата на последните ЕП, СП и ЛОИ.

*Ако остане на клупата додека да се сретнат, затоа што Фортитудо игра во втората лига.