ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СРБИНОВСКИ: Убаво е кога се враќаш во Парк, сезоната е возбудлива, МЗТ...

СРБИНОВСКИ: Убаво е кога се враќаш во Парк, сезоната е возбудлива, МЗТ има блага улога на фаворит

сподели

Расниот шутер се врати на местото на злосторството, каде што ги помина најубавите години од неговата кариера во Македонија. Србиновски во два наврата (1998-2000, 2006/07) играше во Работнички, а сега се појави како една од легендите, на хуманитарен натпревар.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева, како и на телефонските броеви 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне). Ирена е мајка на две деца и мора да се оперира во Русија.

Аплицирајте веднаш за

Од Марче побаравме да се присети на времето поминато во редовите на најтрофејната екипа кај нас, а тој почна со емоции:

„Убаво е чувството, по 12 години да се заигра во Градски парк, со такви легенди на македонската кошарката. По долги години се потсетивме на некои убави времиња, на убави моменти од нашите кариери и сето тоа зачинето со ревијален натпревар во хуманитарни цели.“

Сезонава е различна од претходните, Србиновски е тренер во Гостивар втора година по ред, а на паркет мора да има петорка, во која што во секое време мора да има тројца македонски играчи.

„Почеток е на една нова сезона, со ново правило. Ние тренерите се уште се навикнувме на тоа правило и мора да се признае дека не е воопшто лесно.

Нашата лига сезонава е на некое си рамниште од минатата, со тоа што малку е поизедначен квалитетот. Екипте на Кожув и Фени имаат поквалитетни екипи од претходната сезона, не очекува интересно првенство до крајот.“

Затоа што играше и во Работнички и во МЗТ Скопје, Марјан Србиновски е еден од најкомпетентните да каже што може да очекуваме од вечната пресметка, прва сезонава, на 12-ти ноември.

„Дерби како дерби, ќе биде одиграно со многу емоции и страст. Очекувам тврд и неизвесен натпревар.

Екипата на МЗТ Скопје, моментално е најквалитетна во нашето првенство и ќе сака на некој начин, да се реваншира за загубената титула минатата сезона.

Но, на ваков натпревар нема фаворити. Ќе победи екипата што ќе биде поинспирирана во тој момент.“