ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СРБИНОВСКИ: Десетка за публиката, ние не бевме на ниво

СРБИНОВСКИ: Десетка за публиката, ние не бевме на ниво

сподели

Тренерот на Гостивар беше разочаран од изданието на своите кошаркари во дербито на 15-тото коло од Првата лига.

Тимот со најдобра публика во земјава не одигра според посакуваното и убедливо загуби од МЗТ Скопје.

„Притисокот си го направи своето, особено кај новите играчи. Долго време бевме без натпревари, минатото коло и слободни, кошаркарите уште не се влезени во ритам и ми бараа измени на 3-4 минути.

Со двајца нови кошаркари во составот од кои едниот дебитираше на овој меч, Гостивар не го извади најдоброто од себе.

Лошо го отворивме натпреварот, направивме многу почетнички грешки и потоа беше тешко да се вратиме. МЗТ Скопје заслужено победи, им честитам за тоа.

Можеби максимумот, Гостивар го остави за Купот или за финишот од сезоната. Тоа ќе го дознаеме во следниот период, во кој ќе се одлучува за титулите во домашната кошарка.

Секоја чест на публиката, ја наполни салата, одлично навиваше, беше прекрасно за играње, само ние не беме на нивото. Мислам дека на следните натпревари ќе бидеме подобри, имаме 4-5 дена да се подготвиме за Купот, се надевам дека ќе успееме“, изјави тренерот на Гостивар.