ПОЧЕТНА АБА Сплит без најдобриот играч против МЗТ Скопје

Сплит без најдобриот играч против МЗТ Скопје

сподели

Дербито на 17-тото коло на АБА 2 се игра во сплит каде поранешниот европски првак го пречекува македонскиот вицешампион.

Историјата можеби е на страната на хрватскиот тим кој има три титули во поранешниот Куп на европски шампиони, но тој одамна не е на нивото од периодот кога жолтиот дрес го носеа кошаркарски легенди како Тони Кукоч, Дино Раѓа, Петар Наумоски итн.

Задачата на МЗТ Скопје ќе биде делумно олеснета бидејќи Сплит на овој натпревар ќе биде без својот најдобар играч Џамал Морис кој во пресрет на дуелот доби отказ. Причината за тоа е повредата на коленото по што двете страни се спогодија да го раскинат договорот.

„Среќен сум и воодушевен од деновите поминати во овој град, го обожавам, се чувствувам како дел од него и се надевам дека еден ден ќе се вратам. Жалам поради двете несреќни повреди, но таков е спортот.

Момците од соблeкувалната се посебна приказна, тие не се само мои соиграчи, туку браќа и секогаш ќе биде така. По овие месеци во Грипе, сфатив поради што овој клуб е така голем, поинаков од другите“, изјави Морис.

Во АБА 2 тој беше убедливо најдобар играч на Сплит со просек од 15,4 поени, 3 асистенции и 2,8 скока.

На МЗТ Скопје му е исклучително важен натпреварот против хрватскиот претставник за продолжување на победничката серија и за обезбедување на второто место во АБА 2.