ПОЧЕТНА Интернационалци Спектакуларен пресврт на Хуеска, Ѓуроски ја донесе победата

Спектакуларен пресврт на Хуеска, Ѓуроски ја донесе победата

сподели

Тимот на македонскиот репрезентативец одигра еден од најдраматичните и најатрактивни натпревари оваа сезона во Шпанија.

Пресврт каков што направи Хуеска одамна не е виден на кошаркарските терени. По првото полувреме губеше на гостувањето кај Љеида со 22 поена разлика (52:30), до 35-тата минута не успеа да симне на едноцифрена негатива и само се очекуваше конечниот резултат со веќе впишани бодови за домашниот тим.

На пет минути пред крајот резултатот беше 80:70 за Љеида и тогаш почна неверојатниот пресврт. Хуеска направи серија од 19:5 и на крајот славеше со 85:89.

Аплицирајте веднаш за

Четирите последни поени ги постигна Стојан Ѓуроски од линијата за слободни фрлања и повторно беше херој на својот тим. Натпреварот го заврши со 15 поени, 3 скока и 2 асистенции.