ПОЧЕТНА ФИБА Спектакл во најава – Пионир ќе гори!

Спектакл во најава – Пионир ќе гори!

сподели
fiba.basketball

Најинтересен натпревар во десеттото коло од квалификациите за Светското првенство, е дуелот меѓу репрезентациите на Србија и Грција, кој што ќе се одигра во Белград.

Во салата „Александар Николиќ“, поранешен Пионир, ќе гледаме вистински спектакл за љубителите на квалитетната кошарка. За Србија, тоа е натпревар да се биде или не.

fiba.basketball

По поразот од Израел, во претходното коло, со нов пораз Србите би можеле да паднат на 4-то место и да си го искомпликуваат евентуалниот пласман на Мундијалот, кој што ќе се одржи во Кина следната година.

Тадус Мекфејден – некогаш во Карпош Соколи, сега за Грузија (fiba.basketball).
Аплицирајте веднаш за

Најголемите конкуренти на Србите, се репрезентациите на Грузија и Израел, кои што во истото коло играат меѓу себе. На последниот натпревар од оваа група, во ова коло, Германија ја пречекува Естонија.

rezultati.com

Грција се наоѓа на водечката позиција во групата со 18 бода, пред Германија со 17, Србија е трета со 14. Следуваат Грузија и Израел со по 13 бода, последна е Естонија со 11 бода.