ПОЧЕТНА ЕВРОПА Спанулис стана рекордер во Грција, но една асистенција му е најдрага

Спанулис стана рекордер во Грција, но една асистенција му е најдрага

сподели
Olympiacos BC

Легендата на грчката кошарка е најдобриот додавач во грчкото првенство, со 2145 асистенции по победата на Олимпијакос против АЕК со 101:75.

Пред натпреварот, му требаа четири асистенции да го помине на првата позиција на вечната листа, долгогодишниот соиграч и ривал од Панатинаикос и колега од репрезентацијата, Димитрис Дијамантидис.

Аплицирајте веднаш за

По мечот, видно возбуден од достигнувањето, Спанулис откри една тајна:

„Да бидам искрен, едно додавање е најважно во мојата кариера и само тоа го паметам – во финалето против ЦСКА 2012-та кон Принтезис. Тоа е мојата најдобра асистенција.“ – рече скромниот Василис.

Со тоа додавање, грчката екипа го комплетира најголемиот кам-бек во историјата на финалните средби на Евролига и во последните секунди успеа да ја освои (првата од двете по ред) титулата од минус 20 поени, во меч во кој што една од клучните улоги ја имаше и нашиот Перо Антиќ.