ПОЧЕТНА АБА Со една лоша четвртина, до резултатска катастрофа

Со една лоша четвртина, до резултатска катастрофа

сподели
фото: Dynamic VIP PAY

МЗТ Скопје Аеродром претендира за влез во јадранската елита и не смееше да си дозволи пораз од -23, од екипа со педигре како на Динамик, релативен регионален анонимус.

Точно е дека модерниот спорт не познава минато, точно е дека денес сите играат кошарка, точно е дека српскиот претставник е во Топ 4 во АБА 2, но сепак, МЗТ Скопје во моментов е своевиден гигант за екипите од ова друштво, според реномето и според ресурсите.

druga-aba.liga

Во првото полувреме, металците имаа резултат, иако губеа во двете четвртини гледано парцијално, со 4, односно 5 поени од период. Во третиот се распадна играта на македонскиот вицепрвак и се отиде надолу, со тие 31:18.

Во поглед на поените, 75 постигнати и не е лоша бројка, реализацијата околу 47% од поле не е слаба, но примените 98 се катастрофата. Нашата екипа беше апсолутно натскокана, а тимските асистенции покажуваат колку биле поорганизирани домаќините, во нападот.

druga-aba.liga

Кај победникот, петмина имаа двоцифрен број поени, играта беше одлично поделена кај сите играчи. Се истакнаа Ѓериќ и Стевановиќ (8 скока) со по 14, 12 имаше Беслаќ.

Кај МЗТ Скопје, Вудард беше офанзивниот лидер со 26 поени. Американецот имаше 6 тројки од 10 обиди, вкупната реализација од поле му беше високи скоро 65%.

Бојиќ одигра стандардно и на познат терен постигна 15 поени, имаше и 8 скока. Магдевски беше двоцифрен со 12 поени, имаше и 4 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки.

druga-aba.liga

МЗТ Скопје е на третата позиција на табелата, има 13 победи и 6 порази, додека Динамик има 11 победи и 8 порази.

Во следната рунда, македонскиот претставник игра дома со Рогашка, потоа гостува кај Сутјеска и ќе биде домаќин на Спарс. Според досегашните резултати, не би требало да бидеме загрозени за пласман на првите 4 позиции кои што водат во плеј-офот.