ПОЧЕТНА НБА Солзи во Њујорк, еуфорија во Њу Орлеанс

Солзи во Њујорк, еуфорија во Њу Орлеанс

сподели
фото: ESPN

Првпат по пауза од седум години Пеликанс ќе бираат први на драфтот од НБА лигата и ќе имаат можност да донесат уште една голема ѕвезда во составот.

Иако не беше меѓу екипите со најголеми шанси, тимот од Њу Орлеанс го посака среќа во лотаријата и сега ги има сите услови да ја избере најголемата сензација Зајон Вилијамсон. Тоа сосема ги менува работите во екипата, па можеби и Ентони Дејвис нема повеќе да прави притисок и ќе одлучи да остане во Пеликанс кои би требало идната сезона да бидат поконкурентни.

Исходот од лотаријата повторно го остави Њујорк Никс со празни раце. Франшизата од „големото јаболко“ веќе 34 години чека да добие прв пик на драфтот, а сега полагаше големи надежи за да го избере Вилијамсон и со него да го почне процесот на преродба.

Никс ќе бираат трети, а пред нив се Мемфис Гризлис, уште една екипа која во блиското минато беше меѓу најдобрите во НБА, а сега е далеку од елитата. Лос Анџелес го добија правото на четврти пик на драфтот.